Петар Печков
Објавено: понеделник, 25 март 2019
Неделата попладне акција на сообраќајната полиција, се контролираа мопедите. Во Велес дури 60 отсто биле неисправни, без возачка, без заштитна кацига. Акцијата координирано се одвиваше на неколку прометни улици во градот.
На ден 24.03.2019 год во времето од 12 до 17 час од страна на полициските службеници од СВР Велес контролираа се возачи на мопеди и мотоцикли. Во Велес од контролираните 37 неисправни биле 22 - информираше Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.
Слични акции биле изведени и во Кавадарци и во Неготино. Во Кавадарци од 35 неисправни биле 20 и во Неготино од 24 неисправни биле 6 возачи. Против сите кои управувале неисправно мопеди, ќе бидат поднесени мандатни или прекршочни пријави.
фото: архива
Tweet |