Петар Печков
Објавено: среда, 23 септември 2026
Петтото издание на Фестивалот на џез, ворлд и современа музика кој се одржува по петти пат во Велес, годинава ќе биде одржан викендов на 25, 26 и 27 септември, доаѓаат гости од Австрија, Финска и Израел.. На отворањето во 19ч. ќе настапaт велешаните ДЏ Данчо Саздов и видео проекција на Борче Конзулов, на платото пред театарот. Од 21ч. на големата сцена е концертот на „NEXT TO SILENCE“.
Сабота од 11ч. во Градски парк е настапот на ДЏ Ненад Стефановски со македонски евергрини и шлагери, со дружење и опуштена атмосфера. Во 12ч. Фатиме Мефаилоска има психолошка работилница за деца "Островот на емоциите". Вечерта од 21ч. во големата сала на велешки театар настапува „BORED SOCIETY“ од Австрија.
„Гостите се современ, модерен џез квартет со моќен звук и свој препознатлив пристап кон современиот џез. Нивната музика ги спојува модалниот џез, впечатливите звучни текстури, силните ритми и импровизацијата, создавајќи звук кој истовремено е комплексен, атмосферичен и енергичен“ – кажа Сашко Костов од Арт генерација, организатор на фестивалот.
„Недела вечер фестивалот се сели на платото пред Спомен-костурница, од ворлд музика, од 20ч настап имаат Lempi и Shailee Shmuely кои ќе настапат со фински односно израелски етно мелос. Од 21ч. е велешкиот ДЏ Дарко Спасовски“ – рече Фаик Мефаиловски дел од организацијата на фестивалот.
Тој дополни дека според временските прогнози за петок попладне е најавен дожд и евентуалните промени во местото на одржување ќе ги соопштат преку социјалните мрежи. За концертите во петок и сабота во салата на велешки театар се наплатува билет по цена од 300 односно 400 денари.
„Овој фестивал му е потребен на Велес, општината го помгага, ќе продолжиме и следните години. Ги поканувам велешани и сите останати нека лпвоелат да уживаат во програмата подготвена од организторот “ – рече градоначалникот Марко Колев.
Фестивалот се одржува со финансиска поддршка од Општина Велес и спонзорстав од Агриа и Маркард, а без помош од Министерството за култура.
| Tweet |





