Петар Печков
Објавено: недела, 10 јануари 2021
Министерството за здравство денес регистрираше 13 нови случаи на лица од велешко позитивни на ковид-19 а оздравени се девет. Во текот на вчерашниот ден имаше 23 нови случаи на заразени со корона вирус а оздравени 16. Во велешко има 390 активни случаи со ковид-19 а досега вкупно биле заразени 2.867 лица. Бројот на починати од последицата на корона вирусот е 96 лица.
Во велешка Болница се хоспитализирани 34 пациенти од нив 33 на Инфективно и еден на Интерно одделение. Од лежечките пациенти 26 се потврдени позитивни,еден е сомнителен и седум пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 15 пациенти. Испишани се двајца пациенти како оздравени со по еден негативен тест.
Tweet |