Петар Печков
Објавено: понеделник, 27 јули 2020
За изминатите три дена од викендот, во велешко казнети се 107 лица поради не носење на заштитна маска, соопшти полицијата.
Според портпарол на СВР Велес, Верољуб Додевски, во петокот биле констатирани 39 прекршока, во саботата 32 и вчера во неделата 36. .
Овие граѓани не ја почитувале Уредбата на Владата за задолжително носење на заштитни маски.
Казната за непочитувањето е 20 евра во денарска противвредност, или ако се плати во рок од осум дена е 10 евра или 620 денари.
Tweet |