Петар Печков
Објавено: понеделник, 13 април 2020
Во Велес за викендов, 61 часовниот полициски час го прекршиле осум лица, еден во петок кон сабота, четири сабота и три недела до понеделник наутро. Оваа информација ја сподели со јавноста Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Во овие три дена бројот на лица во самоизолација се движел од 46 во петокот до 27 вчера, недела.
На прашањето на ТрМр колку проверки полицијата извршила овие три дена, Додевски одговори дека извршила 109 контроли во текот на трите дена, 46 петок, 37 во сабота и 26 вчера недела, поточно сите кои биле во самоизолаија.
ТрМр прашаше и колку лица се во државен карантин во трите објекти кои се на подрачјето на СВР Велес (освен хотел Монтенегро, за ова се користат и два објекти во Кавадарци), одговорот од портпаролот Додевски беше дека вчера имало 43, во саботата 54 а во петокот 49 лица.
Tweet |