Петар Печков
Објавено: понеделник, 13 јули 2020
Викендов во Велес регистрирани се двајца ново заразени со ковид-19 и седуммина оздравени. Со ова вкупната бројка на активни случаи во велешко е33 лица, од 203 регистрирани лица со корона вирус, 157 се оздравени и 13 починати.
Во саботата и неделата имаме по еден ново пријавен и двајцата се мажи. Првиот е лице на 64 години кое по рутинска контрола на приватна клиника во Скопје дознало дека е позитивен иако немало никакви спитоми. Слично е и со вчерашниот случај, лице на 38 годишна возраст, кое исто така се тестирало во приватна лабораторија. И двајцата не можат да посочат од каде се заразиле. Имаме и четворица оздравени во саботата и тројца во неделата, негативни на два последователни теста од земен брис - и изјавија од Центарот за јавно здравје.
Така од вкупниот број лица позитивни во велешко, 21 се на домашно лекување, 11 се на Инфективно одделение и еден е во КПУ Идризово.
На Инфективно одделение има 13 пациенти, 12 потврдено позитивни за еден се чека резултат. На ова одделение од велешката Болница биле сместени и две пациентки од Општина Свети Николе, каде деновиве пламна вирусот ковид-19, но со потпишана изјава си заминале на домашно лекување, па останала една жена од село Црнилиште.
Tweet |