речник контакт

Викендов започнува првенството во Третата лига Југ

Се натпреваруваат 14 екипи од нив три се од подрачјето на ОФС Велес – ФК Борец, ФК Превалец и ФК Башкими од Горно Јаболчиште

Петар Печков

Викендов започнува првенството на Третата фудбалска лига Југ. Се натпреваруваат 14 екипи од нив три се од подрачјето на ОФС Велес – ФК Борец, ФК Превалец и ФК Башкими од Горно Јаболчиште. Ќе се одиграат 13 кола во есенскиот дел завршува на првиот викенд во декември.

Во првото коло дерби на старот, ФК Превалец кој неколку сезони е второпласиран во оваа конкуренција гостува на некогашниот прволигаш ФК Победа во Прилеп. ФК Борец игра дома со ФК Млекар од Прилеп а ФК Башкими гостува во прилепско Големо Коњари кај истоимениот противник.  

ФК Борец кој минатта сезона во бараж не усепа да влезе во Втората лига, како првак на Третата лига Југ, годинава на нивната ФБ страница порача:

„Со млади сили, голема мотивација, но и добро познати лица во тимот, велешкиот клуб влегува во сезоната со јасна цел – да се одигра што поквалитетно и да се избори што подобар пласман“

АНКЕТА »

Каде го минавте летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »