Петар Печков
Објавено: понеделник, 28 октомври 2019
Ноќта саботата кон неделата, сообраќајната полиција извршила контрола, колкумина од возачите кои управувале возило, биле под дејство на алкохол.
Сабота 26 октомври во периодот од 23 часот до 5 часот недела 27 октомври, на територијата на СВР Велес била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. Притоа, биле откриени 21 прекршоци од кои десет во Велес, пет во Кавадарци и шест во Неготино- информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
За сите прекршоци изречени биле соодветни казни.
Викендов вакви контролни акции биле изведени и во неколку македонски града. Во Скопје биле откриени 49 лица возачи кои возеле под дејство на алкохол, Струмица, 36, Битола 18, Тетово 23, Штип 30, Куманово 46.
Tweet |