речник контакт

Викендов на пастрмалија вино и музика во Велес

Парни Ваљак, Калиопи, Елена Ристевска дел од забавата за гостите

Петар Печков

Следните три дена, викендов, петок, сабота, недела, Велес ќе живее со мирисот на пастрмалија, вкусот на виното и ќе ечи звукот на музиката. По 12-ти пат градот ќе биде домаќин на љубителите на добрата храна и одлична забава. Дел од улицата Благој Ѓорев, од кај Авона до Гимназијата е местото каде ќе се случуваат настаните од ,,Велешката питијада 2015,,. 

Општина Велес питата пастрмајлија како свој бренд ја слави како најголем гастрономски специјалитет. Во нејзина чест и во име на традицијата годинешната питијада е најмасовната манифестација што ја организира локалната власт. Три дена угостителите неуморно ќе работат да ги пречекаат сите гости што ќе го посетат Велес на 9, 10 и 11-ти октомври. Покрај пита и вино ќе ги почестиме и со одлична музичка програма. Природно е кога ќе се спомене Велес да се создаде асоцијација на пастрмајлија и црвено вино. Пастрмалија  мириса на дом, има моќ да  зближи и да создаде пријатна, топла атмосфера, буди спомени на минатото, традицијата и историјата, се поврзува со наследството  - вели градоначалникот Славчо Чадиев.

Велешани се горди на пастрмајлии и не постои велешко семејство без оглед на кој дел од земјината топка се наоѓа, без оглед на возраста, што не знае да подготви  пастрмајлија и што не ја јаде со уживање. Тоа е и причината што овој специјалитет се одржува со векови.

Пишаниот документ за питата пастрмајлија како автохтон производ датира од 1869 година и се наоѓа во цариградските архиви. Истите записите укажуваат дека во тоа време во Велес се произведувале по 150.000 оки домашно вино годишно. Затоа и денес питата и виното не одат едно без друго. Организаторите очекуваат многу гости  но и посакуваат време без дожд. 

Привршуваат подготовките за годинашната 12-та ,,Велешка питијада“, која ќе се одржи од 9 до 11 октомври. Се е подредено на обезбедување на одлични услови за многубројните гости кои викендот ќе дојдат во Велес. Но, и за квалитетна услуга од угостителите кои се домаќини. Годинава во рамките на музичката програма ќе имаме можност да видиме и слушнеме голем број на популарни изведувачи од домашната и балканска естрада. Очекуваме добра забава и стабилни временски услови. -  изјави Мартин Мајсторов дел од организацијата на манифестацијата.

Што се однесува до музичката понуда познато е дека првата вечер петок е за фолк изведувачите. Забавата започнува  во  18 ч. со групата „Маестро”, велешката музичка група „Виртус”, Зуица Лазова, Благоја Грујовски, Анета и група „Молика”, Тамбурашите  oд Суботица „Равница” и Миле Кузмановски.  

Сабота во вечерните часови ќе настапи  популарниот млад изведувач Боби Мојсовски по што следат  Влатко Лозаноски, Елена Ристеска и „Парни Ваљак" Забавата  продолжува во Градскиот парк, каде на помошното игралиште настап ќе имаат познатите ДЏ Никифор, Г’не и Бокац.

Недела од 18:00 часот бината е резервирана за  Ален Хасановиќ, Филип Божиновски, Александар Тарабунов,  Фолтин, Калиопи и ДНК со чиј настап и официјално ќе ја заокружи годинешната манифестација. Недела попладне од 16 часот пак ќе настапат како изненадување велешките рок легенди,м музичарите од 60-тите и 70-тите години на минатиот век, групите Изотопи, Елиси, Триумфи,Силуети, Лебеди.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »