речник контакт

Викендов на патеката кај езеро Младост, се возеа втората и третата ендуро трка од државниот шампионат

Порази за фудбалерките, одбојкарите и футсал екипата во Првите лиги

Петар Печков

На ендуро патеката над велешкото езеро „Младост” викендов се возеа втората  и третата трка од државниот шампионат Ендуро 2019. На трките учество земаа дваесетина возачи  од четири мото клубови од земјава.  На  трката во саботата севкупен победник беше Христијан Станковиќ од МК „Ендуро Тим Водно” од Скопје а на  трката, возена во неделата Драган Ванов од МК „Мото Велес,,.

Во саботата во Е-1 класата прв се пласира ендуро возачот Христијан Станковиќ од МК „Ендуро Тим Водно” од Скопје. пред  Драган Ванов од МК „Мото Велес, а трет беше Јован Јовановски од МК „Ноќни волци”. Во неделата победи Ванов пред Станковиќ и Грчевски од МК Драпачи. Во ова конкуренција двата дена возеа по тројца ендуро возачи. 

Во Е-2 класата во саботата прв се пласира Самет Имеров од МК „Мото Велес”, пред  Иван Чековски од МК „Ендуро Тим Водно” од Скопје и трет Марко Златановски од МК  „Ендур Тим Водно”. Ден подоцна повторно победи Имеров пред Чековски а трет беше Митровиќ од СДТ Куманово. И двете трки ги возеа по деветмина учесници.

Во класата Е-3 во саботата меѓу девет учесници прв беше Дејан Маркоски од МК „Драпачи”, втор Владимир Димков  МК „Ендуро Тим Водно” од Скопје а трет Виктор Ефремов од МК „Мото Велес“.На третата трка, во неделата возеа седум  учесници  нова победа за Марковски, пред Самет  Имеров од МК ,,Мото Велес,, а трет беше Владимир Димков од МК Ендуро тим Водно,,.

Организатор  на трките беше МК „Мото Велес” заедно со Моторциклистичката федерација на Македонија и Општина Велес.

Во второто коло од Првата одбојкарска лига, екипата на ОК Борец дома, во салата на ОУ Блаже Конески загуби со максимални 0:3 (16, 11, 8) од ОК Лирија од тетовско Жеровјане. Во првото коло велешани беа слободни.  

Загубија и фудбалерките на ЖФК Борец од лидерот ЖФК Деспина во Прилеп со 10:0. По ова коло велешанки со седум бода остануваат 10-ти а во следното играат дома  со 11-то пласираната екипа на ЖФК Атлетико.

Во четвртото коло од Првата футсал лига   КМФ Велес загуби во Штип од екипата  на КМФ Мал Ајакс со 8:6 и велешани се натаму е на дното без ниту еден бод. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »