Петар Печков
Објавено: вторник, 24 јули 2018
Изминатиот викенд велешката полиција извршила контролни акции по угостителските објекти низ градот. Во петокот и саботата по полноќ заедно со СВР Велес биле и инспектори од УЈП.
Полицијата констатирала неколку неправилности, додека УЈП не наишла на ниту еден, се однесува на (не)издавање на фискални сметки.
На 20-ти јули извршена е контрола во пет угостителски објекти во градот, сите во спортската сала ,,Гемиџии,, при што, е констатирано нарушување на јавниот ред и мир со пуштање на гласна музика во кафе барот „Паладиум“. На 21-ви јули направена контрола во 15 угостителски објекти во градот, кога се констатирани нарушување на јавниот ред и мир со пуштање на гласна музика во кафе „Кали“ и присуство на малолетници во угостителски објекти по 24 часот во кафе „Винил“ и дискотеката „Хевн“ - изјави Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.
Против прекршителите ќе бидат поднесени соодветни пријави според Законот за прекршување на јавен ред и мир. Од полицијата најавуваат дека ќе продолжат со овие акции и во наредниот период, летово.
Tweet |