Петар Печков
Објавено: понеделник, 04 март 2019
СВР Велес информираше дека ноќта помеѓу саботата и неделата извршена била акциска контрола, дали возачите управуваат возило под дејство на алкохол.
На 02/03.03.2019 година на подрачјето на СВР Велес е спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Во Велес се регистрирани седум прекршоци, Кавадарци девет прекршоци и Неготино два прекршока, или вкупно 18 прекршоци на возачи кои управувале под дејство на алкохол. На сите возачи им се издадени Мандатни платни налози за сторениот прекршок и истите се отстранети од сообраќај - информираше Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.
Полицијата не ја соопштува бројката од колкумина контролирани возачи, кај седум е констатирано присуство на алкохол во крвта, над дозволените вредности.
Tweet |