Петар Печков
Објавено: понеделник, 27 април 2020
Викендот шест лица заминале од Инфективното одделение на Општа Болница Велес, како оздравени. Со тоа вкупната бројка лица заоблени со корона вирусот кои се водат како излекувани во Велес е 17, од 66 заболени а активни случаи се 55.
Деновиве се испуштени од инфективно одделение шест пациенти, откако двата теста покажале дека се негативни. Таму се хоспитализирани 14 случаи, од нив за еден се чекаат резултати - изјави д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на ЈЗУ Општа Болница Велес.
Според денешните резултати на министерот за здравство Венко Филипе, во Велес нема позитивни случаи на ковид-19.
Tweet |