Петар Печков
Објавено: понеделник, 25 март 2019
Велешките комуналци споделија фотографии, како изгледа околината на езерото Младост, по вчерашниот викенд. Расфрлан смет по патеките, околу клупите, летниковците. Ова е омилено место, кое освен велешани во голем број го посетуваат и скопјани.
Иако овој простор досега, за само две седмици е два пати чистен, тоа не се препознава. Од ЈКП Дервен апелираат до излетниците за повисока совест при фрлањето на сметот и додаваат дека има доволно корпи за таа цел.
Само четири дена откако темелно беше исчистен теренот околу езерото Младост –денеска околу езеро Младост повторно, и повторно е загадено со отпадоци. Несовесни посетители на оваа туристичка атракција викендов зад себе оставиле лоша глетка. Да уживаме сите во природата, незагадена е поубава!- велат од ЈКП Дервен. Најавуваат дека деновиве повторно, вонредно ќе го чистат теренот околу езерото.
Tweet |