речник контакт

Виктор Ванчевски втор на државното првенство на хронометар

Ангелче Петрушев не успеа да влезе во полуфиналето нa Светскиот куп во кајак на диви води на Тацен - Словенија

Петар Печков

Велосипедистот на МВК Велес Виктор Ванчевски го освои второ место на државното првенство на хронометар со време од 30:30,24. Тоа се возеше денес од Стоби до Неготино и назад во должина од 23 км.  Ванчевски возеше во категоријата до 23 годишна возрасти заостана зад победникот за Димитар Јованоски за 16 секунди. На првенството учествуваа 71 велосипедисти од десетина клубови од земјава во различни возрасни категории. В недела се вози друмско првенство  за сениори, јуниори и до 23 години на релацијата Кавадарци- Возраци и назад.  Виктор Ванчевски е дел од македонската репрезентација, која во јули ќе вози на Европското првенство за јуниори, кадети и до 23, кое ќе се одржи  во Португалија а ќе вози хронометар и друмско.

Денес се возеа квалификациите во Светскиот куп во слалом на диви води, на патеката Тацен во Словенија. Таму во дисциплината К-1 веслаше и велешанецот Ангелче Петрушев, како член на македонската репрезентација.  Тој во двете  квалификациски возење не успеа да обезбеди пласман меѓу 40-те најдобри. Во првото возење, со доста грешни беше 55-ти од 65 учесници а во второто, меѓу  35, беше 11-ти и за едно место и 17 стотинки, не успеа да влезе во најдобрите 40. Следниот викенд Петрушев ќе учествува на Европското првенство во слалом диви води, за млади категории, кое ќе се одржи во Иври Франција.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »