речник контакт

Винарија Тристо за развој на винскиот туризам

На излезот од Велес, во правец на Штип, на 10-тина км, кон селото Сујаклари на еден од ридовите се отвара интересна градба.

Петар Печков

На излезот од Велес, во правец на Штип, на 10-тина км, кон селото Сујаклари на еден од ридовите се отвара интересна градба. Среде лозја, мало замок, тоа е винаријата „Тристо“ сопственост на Ристо Ташев директорот на Жито Вардар. Релативно нова и сеуште толку не позната, зградата како мал вински замок, целосно плени, изградена е од камен и цигла среде плантажите на лозје. Ташев кој слободното време го мине на овој простор, винскиот замок „Тристо“ е негово хоби .

- Со вино се занимавам 20 години. Од пред две години го изградив овој објект каде ја продолжувам традицијата на винарство. Ова за мене е хоби, една голема љубов. Виното и винаријата ме исполнуваат, ме релаксираат и затоа тука го минам слободното време. За мене се околу оваа винарија е големо ужуивање. Таа сеуште не е готова, две години ја градам но има уште некои финеси кои треба да се завршат – вели Ташев, сопственикот на винаријата „Тристо“ кој полага пред се на квалитетот на виното.  Грозјето е исклучиво од сопствен насад распослано на 3,5  хектари, негувано до беспрекорност за да се обезбеди врвна суровина за производство на виното. Подрумите во која се одвиваат ферментационите процеси се со инокосни цистерни а тука се и дрвени дабови буриња за чување, зреење и дооформување на виното. Винскиот подрум од некогашните 300 шишиња, кои служеле за пријателите сега пораснаа на  20 илјади литри. Тој планира да го развива винскиот туризам и затоа профитот од продажбата го инвестира во натамошен развој но и имиџ на винаријата.

- Капацитетот на винаријата сега е максимален и не планирам повеќе да се проширува или зголемува. Оваа бројка можеби изгледа голема, но јас со мојот круг на пријатели можам да го продадам виното на пазарот без многу проблеми со пласманот – објаснува Ташев. Од винската програма на винаријата „Тристо“ се произведуваат вината: шардоне, шардоне барик, каберне совињон барик, розе и младо вино. Таа има освоено бројни награди за нејзините вина а меќу нив се и бронзен медал за каберне совињон на „Свет вина“ во Белград во 2001-та и бронзен медал за шардоне на „Виновита“ во Загреб 2005-тата година.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »