речник контакт

Виолинистот Костадин Кирков добитник на наградата Гемиџии

Кои се добитниците на највисокото општинско признание 9-ти Ноември

Петар Печков

Познати се добитниците на  општинските признанија за оваа 2015-та година. Највисокото признание, за животно  дело го добива Костадин Кирков , роден во Велес 1942-ра. Тој е виолинист, концерт мајстор на филхармонијата во Љубљана- Словенија и Бон Германија, каде и живее.

Спомен плакети  9-ти Ноември се доделуваат на Специјалната Болница за белодробни заболувања и туберколоза   Јасеново,   Општинскиот  Училиштен дом Лазар Лазаревски, аптеките Зегин   и министерот за странски инвестиции Веле Самак.  

Благодарници добиваат Ленче Здравкин,  Виктор Глигоровски, Стојанче Алексовски, Мето Димов, Ѓоко Ризински,( лицата кои го фатија разбојникот на менувачница) Зоран Балов (за збратимувањето на Велес и Новогард Полска), планинарот Марјан  Малинов  и Весна Димитровска Бобевски.

Постхумно со спомен плакета се оддава признание на  д-р Ристо Пејовски, д-р Румен Наќинов,    Иле Алексиќ од компанијата Данс експрес. Наградите ќе бидат доделени понеделник вечер на свечената седница на Општина Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »