речник контакт

Вип донираше за болницата во Јасеново

Донацијата од 500 илјади денари ќе се наменат за купување на апарат брохоскоп

Петар Печков

Болницата за белодробни заболувања Јасеново крај  Велес доби донација од ВИП мобилниот оператор во висина од 500 илјади денари. Истата ќе биде искористена за купување на бронхоскоп, апарат кој  недостасува во болницата.

Ова е вистински новогодишен подарок, кој доаѓа во вистински момент. Постојниот е подолго  време неупотреблив, па сега не ќе мораме да ги праќаме пациентите во клиниките во Скопје- рече директорот Гоце Бузалков.

Болницата има капацитет од 100 легла и таа е единствена во земјава каде се лечат белодробните заболувања и туберкулозата. Донаторот операторот ВИП најави дека таа успешно работи и како општествено одговорна компанија, и ќе продолжат да ги помагаат тие на кој им е потребна помош.

Наместо да даваме  новогодишни подароци на нашите партнери, тие средства одлучивме да ги вложиме во нешто од што корист ќе имаат оние на кои помошта им е  итна и најнеопходна, а тоа е посебно изразено во здравството –рече директорот  на ВИП  Никола  Љушев.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »