lj lkjl
Објавено: среда, 14 јуни 2006
Сите оние корисници што имаат e- mail адреси на „Yahoo“, треба да внимаваат затоа што страницата т.е. серверот е заразен со Вирус кој ги инфицира сметачите тогаш кога корисниците ја читаат електронската пошта, а не кога ќе го отворат евентуалниот „attachment“. „Yahoo“ е најголемиот сервис за електронска пошта во светот. Овој провајдер има околу 200 милиони корисници на услугите, а со вирусот се заразени само мал дел од нив. „Црвот“ е од видот на „Yamanner“ и ги напаѓа сандачињата на „Јаху“. Насловот на предметот на пораката е „New Graphic Site“. Кога еднаш ќе се отвори пораката вирусот го заразува компјутерот и се шири на другите корисници кои се во адресарот. Компанијата ги советува своите корисници да го ажурираат „firewall“ и анти- вирус софтверот и да ја блокираат секоја порака испратена од „av3@yahoo.com“. „Црвот не може да работи на најновата верзија на „Yahoo! Mail Beta“- се тврди на страницата на „Symantec“. Црвот ја користи ранливоста на JavaScript технологијата. Техничкото име на вирусот т.е. црвот е различни варијанти на JS.Yamanner. Епа сега драги мои, доколу дознаете со кој антивирус да го ичистиме вирусов кажете.
Tweet |