речник контакт

Висок број на ново заразени лица со ковид-19 во велешко -56 лица, на Инфективно денес починаа двајца пациенти

Активни се 285 случаи, во велешка болница на лекување се 49 пациенти

Петар Печков

Голем број на нови случаи со ковид-19, регистрира денес, четврток,  Институтот за јавно здравје во велешко. Според денешниот билтен има  56 лица, со што е трет град во земјава после Скопје и Прилеп. Оздравени се 16 пациенти. Активни се 285 случаи а досега има заразено 3.671 лице

„На Инфективното одделение во велешка Болница  починати се двајца пациенти,лице  на 82 годишна возраст од Велес, позитивен и лице  на 75 годишна возраст од Демир Капија исто позитивен, лекувани два дена на Инфективно одделение“- информираше д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес.

Пациентот починат од Велес е 116-та жртва на последиците од ковид заразата во велешко. 

И денес четврток, повисок број на хоспитализирани во велешка Болница, позитивни или сомнителни на ковид-19.  На лекување се   49 пациенти, од  вкупниот број  41 се сместени на Инфективно одделение и деветмина се  на Интерно.

Од  лежечките пациенти  35 се потврдено позитивни,   осуммина се  сомнителни и шест лица   се со негативен тест но задржани на болничко лекување.  На кислородна поддршка се18  пациенти. Испишан е еден пациент како оздравен со еден негативен тест.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »