Петар Печков
Објавено: среда, 09 јуни 2021
Од денес, среда, до петок во пунктот за масовна вакцинација во Велес, се пушта „Фајзер“. Претпладнево е забележан висок одѕив меѓу лицата кои се повикани да примат вакцина. Се вакцинираат лица од 40 до 59 годишна возраст, кои се пријавиле преку вакцинација.мк и добиле покана.
„Овие три дена има термини за по 360 пријавени лица секој ден. Бидејќи постапката за подготовка на оваа вакцина „Фајзер“ е специфична, утрово првите лице кои требаше да примат вакцина причекаа, но потоа процесот продолжи непречено. Има висок одѕив на пријавените“ - кажа д-р Марина Тодоровска, координатор на вакциналниот пункт во салата на училиштето УЗУС.
За да нема редици и барање за преку ред, без термин, надлежните посочуваат дека вакцината ќе ја примат лица кои исклучиво добиле покана преку вакцинација.мк. Други лица без термин, нема да бидат вакцинирани. Досега во овој пункт се вакцинирани повеќе од четири илјади лица, освен од Велес и од соседните општини Чашка, Градско и Лозово.
Tweet |