Петар Печков
Објавено: среда, 24 април 2019
На подрачјето на ЈЗУ Здравствен дома Велес, има висок опфат на вакцинирани деца против морбили. Поради тоа и кај децата во градот нема случаи на мали сипаници, велат надлежните.
На школска возраст во велешко, заедно со општините Градско и Чашка од околу осум илјади ученици во основно образование од 6 до 14 години,според податоците на ЈЗУ Здравствен дом, имало само 23 не вакцинирани деца што е 0,3%. Од нив шест овие денови биле вакцинирани, по прогласувањето на епидемија на мали сипаници. Слични се бројките и за претшколска возраст, каде од 4,5 илјади деца само 100 не биле вакцинирани што е 2,2 отсто.
Во велешко годинава имаме 24 заболени од морбили, од нив само пет се бебиња на возраст до една година, кога не можеле да примат вакцина. Сите останати се родени од 1973-та па нагоре и тоа вработени во Скопје - рече д-р Билјана Трајкова епидемиолог во Центарот за Јано здравје во Велес.
Tweet |