речник контакт

Висок опфат на децата од школска возраст со задолжителните вакцини

Во претшколска возраст има помал процент на вакцинирани деца со МРП вакцина, додека останатите вакцини се над 90%

Петар Печков

Висок е опфатот на деца од школска и претшколска возраст со вакцинацијата во Велес и соседните општини Чашка и Градско. Оваа седмица, последната во април  е  Европска  недела на имунизацијата. 

Повисок е процентот на школска возраст над шест години. Ревакцина со МРП на шест годишна возраст  е 98,5%. тетраксим  на седум годишна возраст  опфатот е 97%, реваксис на 14 годишни е со  95%, тетанус  на 18 години е 94% и ХПВ која е во де дози во растојание од половина година е 92% и се дава на девојчиња на  12 годишна возраст.

„Благодарение на вакцините искоренети се голем број на заразни болести. Довербата на јавноста во  нивната безбедност е клучен фактор за успехот на имунизацијата. Според календарот на имунизација во училишта превентива имаме висок процент на вакцинирани деца. Горди сме на постиганиот успеј во спроведувањето на вакцинацијата во 2022 и првото тромесечје од 2023 година“ - кажа д-р Лидија Проданова  раководител на Одделението за училишна превентивна заштита.

На ниво на Здравствен дом Велес  опфатот на вакцините кои се аплицираат до 1 год, односно БЦЖ против туберкулоза, трите дози ротавирусна вакцина, двете дози стрептококна вакцина и трите  дози поливалентна вакцина -против хепатит Б, дифтерија, тетанус, магарешка кашлица, детска парализа, хемофилус инфлуенца е одличен, над 93%, а за поодделни дози дури е над посакуваните 95%.

„Поради тоа што родителите одбиваат после една година да ги вакцинираат децата со МРП вакцина -против сипаници и заушки, покрај сите наши напори опфатот е  70%. Поради неоправданиот страв од наведената вакцина и нејавувањето за вакцинација, низок е опфатот и на другите две ревакцини против стрептокок и поливалентната вакцина, кои се аплицираат после 1-та година, тој изнесува 72% и 77% “ - вели д-р Марина Тодоровска раководител на Одделените за предучилишна превентива.

За вакцинацијата да биде успешна потребно е на локално ниво да бидат опфатени  најмалку 90 отсто од децата.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »