Петар Печков
Објавено: четврток, 03 март 2022
Во 13-тото коло од Првата фудбалска лига жени во Македонска Каменица се играше едно од двете дерби средби. Домаќинот ФК Каменица САСА ја декласираше екипата на ЖФК Борец со 6:1. Тоа беше натпревар на трето и петто пласираната екипа а актуелниот шампиони покажа дека се далеку поквалитетна екипа.
Дека велешанки не се во посакуваната форма на стартот во прилог е и резултат од првото пролетно коло, кога против екипата со слаба гол разлика 6:49 и само една победа, ЖФК Топ гол, велешанки победија со скромни 1:0, икао на стартот од првенството најавија борба за титула.
По ова коло ЖФК Борец остана на 5-тото место со 24 бода а лидерот ЖФК Љуботен бега со 8. Во следното коло ФЖК Борец дома игра со седмо пласираната екипа на ЖФК Истатов, која есеноска ја победи во гости со 2:5.
Tweet |