Петар Печков
Објавено: недела, 02 јули 2017
Според бројката на заболени во однос на целата популација, градот Велес се наоѓа високо на скалилото на заболени по дијабетис. Ова на прес конференција го презентираше Здружението на дијабетичари од Велес ,,Шеќерче – лилипоп,,.
Во општина Велес на крајот од минатата година живеат претпоставено оти одамна немало попис, од 2002та, , вкупно 55.108 жители а од нив 43.716 во градот. Овие податоци се од проекцијата на Државниот завод за статистика.
Во евидeнцијата на лица со дијабетес од 20 – 79 годишна возраст, до 31.12.2016 година евидентирани се 5.849 жители односно 13,37% од бројот на жители во град.
Со 13.37% Велес е над сите релевантни бројки за преваленца, на крајната граница со опфат од 13,6% за државно ниво и е далеку над горните поставени граници на глобалните бројки за преваленца од 8,8% и европската од 13% - рече Димче Велев, претседател на Здружението.
Од 5.843 лица со заболени со дијабетес во Општина Велес, 2627 се мажи или 44,38% од вкупниот број, односно 3216 се жени или 55,62% од вкупниот број.
Од вкупната бројка на евидентирани лица во Општина Велес, со дијабетес најзастапена е возраста од 55-64 години со 2003 лица или 33,84% а втора е возраста 65-74 години поточно 1870 лица со 31,59%.
Споредбено со податоците на IDF (Mеѓународна федерација за дијабетес) за глобална преваленца застапеноста на лицата со дијабетес за возраст од 20 – 79 години изнесува: за глобално ниво 8,8% (7,2-11,4%), во Европа 9,1% (6,8-13,0%) и за Република Македонија 12,0% (10.5 - 13,6%) а во градот Велес 13,7%.
Во Општина Велес од вкупно евидентираните 5.849 со дијабетес, корисници на инсулин се 987 лица односно 16,68%, а од нив 71 лице се со дијабетес тип 1 , а 916 се лица со дијабетес тип 2 . Според евиденцијата на корисници на инсулин, од вкупно 987 лица, во рурални населби живеат 93 лица или 9,42%. Во градот живеат 894 лица или 90,58% од лицата корисници на инсулинска терапија. Од вкупниот број на корисници на инсулин 432 лица се мажи (43,77%), а 555 лица се жени (56,23%).
Опфатот на лица со дијабетес корисници на инсулин на возраст од 55 до 64 години е 338 лица или 34,25% (INS). На возраст од 65 до 74 години се 284 лица или 28,77% (INS). Трети по ред се лицата на возраст помеѓу 45 и 54 години чиј број изнесува 164 или во проценти 16,62% (INS). Помладите категории на возраст, кои не се обработени во споредбените податоци затоа што се под 20 години, се со помалa застапеност но, не позначајна застапеност, односно податоците говорат дека од 7-9 години има 4 лица, од 10-14 години - 13 лица, од 15-19 години - 2 лица, или во вкупен процент на зафатеност 10 % (INS) - додава Велев.
На прашањето дали и колку често пациенти се судруваат со недостиг на инсулин, во велешката болница Велев изјави дека ,, недостигот на инсулин, во градот бил краткорочен, ден- два, за период од последните шест месеци,,.
Tweet |