речник контакт

Висока бројка на починати во велешко во првите четири месеци

Од 300 починати лица,што е далеку повеќе отколку лани за првите шест месеци, секој петти е од последиците на ковид-19

Петар Печков

За првите четири месеци од годинава, во велешко  починати се точно 300 лица. Ова се податоците добиени од ЈКП Дервен, на поставеното прашање  за издадените дозволи за погреб.  Во  оваа бројка  влегуваат  градот Велес и селата од велешко, без соседните општини Градско и Чашка. 

За илустрација, во првите шест месеци од 2020 имало 224 погреби. Или годинава за четири месеци бројката е далеку повисока, отколку лани за шест.

Од овие годинешни  300 починати, според бројките добиени од Центарот за јавно здравје во првите четири месеци  од последиците од корона вирусот, во велешко починале 66 жители или  секој петти. 

На прашањето упатено до ЈКП Дервен, во првите четири месеци годинава, најмногу издадени дозволи имало во март  102, или повеќе од тројца починати на ден, потоа  88 во април, и во јануари и февруари по 56 односно 54 починати.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »