речник контакт

Високи температури на крајот од март ама и високи вредности на ПМ 10 честички во воздухот во Велес

На 19 и 20 март измерени се мошне високи вредности на ПМ 10 честички, два дена над прагот на алармирање. На крајот од месец март четири дена бил надминат прагот на информирање

Петар Печков

Четири дена има вредности над 100 мг/м3 а во средината на март имало два дена над прагот на алармирање

Четири дена велешани дишат високи вредности на ПМ 10 честички. И Општина Велес ги извести граганите за измерени високи среднодневни концентрации на ПМ 10 честички на територијата на Општина Велес за деновите: 29.03.2023 се измерени 121,2 мг/m3, на 30.03.2023 се измерени 182,5 мг/м3, ,на 31 март со 161,4 мг/м3 и  на 1 април со 169,5 мг/м3.

„Согласно Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности    за нивоа и видови на загадувачки супстанци во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, цели вредности и долгорочни цели надминат е прагот за информирање од 100 мг/м3“ - соопштија од Општина Велес.

Тие испорачаа и препораки до граѓаните: Да не се користи прегорено отпадно масло за загревање на простории, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, PET амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал, рано наутро и доцна навечер да се избегнува долготрајна изложеност на отворено, правилно да се користат печките за дрва, да се користи суво огревно дрво,  да се користи јавниот превоз, возилата да не се користат без поголема потреба, повеќе лица да се возат со едно возило во исто време.

Не така одамна на 19 и 20 март, мерните инструменти на Министерството за животна средина во Велес измерија мошне високи вредности на ПМ 10 честички, два дена над 150 мг/м3 со што е надминат прагот на алармирање. На 19 измерени се 229,4 мг/м3 а следниот ден 177,2 мг/м3.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »