речник контакт

Високите температури ја зголемија потрошувачката за вода, можно е да дојде до нејзин недостиг

Како причина ЈКП Дервен посочува наводнување и миење на дворовите

Петар Печков

ЈКП Дервен со вонредно обраќање до јавноста во градот и околните населени места, кои се на градскиот водоводен систем.

„Деновиве, како резултат на енормно високите температури, потрошувачката на вода од водоводниот систем е покачена до тој степен што доаѓа до нагло празнење на резервоарите за вода, преку кои се дистрибуира водате до домаќинствата, особено во вечерните часови.  Апелираме граѓаните водата да ја користат наменски и рационално, за потребите на домаќинствата, а не за наводнување и миење на дворните места, за да не дојде до недостиг од вода во водоводната мрежа“ – соопштуваат од ЈКП Дервен.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »