Петар Печков
Објавено: среда, 05 ноември 2014
Општина Велес има оценка од 4,03 одговорност, транспарентност и отчетност (ОТО) за Јавните набавки. Со тоа општината е со висок степен на ОТО во спроведувањето на постапките на јавни набавки. Ова е оценката на ,,Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавните претпријатија. Тие го презентира нивниот мониторинг извршен во оваа дејност во 2013-та година.
Со добиената оценка, општина Велес има високо ниво на постапки за Јавни набавки. Таа иако нема законска обврска, лани спровела истражување на пазарот пред распишувањето на постапката за јавна набавка. Планот за јавни набавки се донесува навремено и се објавува на општинската веб страница, иако и за тоа нема обврска. Лани од 93 огласени постапки, само за три се примени жалби, а две се одбиени како неосновани. Ова значи висок професионализам во реализирањето на јавните набавки и доследно почитување на Законот – рече Зоран Јанкуловски од Здружението на финансиски работници, кое го спровело мониторингот.
Единствен минус и како препорака е во наредниот период, заради поголема прегледност, на веб страницата на општината да се креира посебен таб насловен ,,јавни набавки,,.
Искрено изненаден сум од ваквата висока оценка, за нашиот вложен труд. Се трудевме да ги следиме законските измени, да работиме јавно и транспарентно – рече Пенчо Јаневски, раководител на одделението за јавни набавки.
Tweet |