Петар Печков
Објавено: среда, 02 август 2017
Денеска е легитимно прашањето кој е нашиот сон. Денеска нашиот сон е да направиме фунцкионална држава, држава што ќе биде по урнек на сите демократски и развиени општества во светот. Мора да направиме држава во која ќе владее правото. Нема да биде тоа држава во која главните виновници и криминалци ќе бидат избегани, а луѓето ќе лежат во затвор за ситни прекршоци. Тоа мора да биде држава со економски просперитет за сите граѓани и во која нема да се делиме, порача заменик-претседателот на Владата Кочо Анѓушев од Пелинце. Тој како вицепремиер задолжен за економски прашања да се обрати од Пелинце, замена за манастирот Св. Прохор Пчински кој СПЦ не го дозволува да го користи Македонија за свечености.
Илинден е еден, но тој два пати блеснал во Македонската историја. Прв пат во 1903-та година, во Крушево. Желбата за сопствена држава ја побарале и би Крушевска република. Вториот пат Илинден блесна во 1944 во манастирот Св. Прохор Пчињски каде се одржа првото заседание на АСНОМ. Една од тие точки, на која посебно сум горд како велешанец, мојот сограѓанец Панко Брашнаров, кој како најстар делегат и учесник на Илинденското востание , учителот Брашнаров гол отворил свеченото заседание на АСНОМН.
Во државотворната историја и континуитет на еден народ, декларациите, документите, усвоените одлуки и резолуции, се важен момент. Но, она што е уште поважно се визионерските принципи, идеали и идеи врз основа на кои државотворноста се претвора во жива приказна, во код со кој ќе се идентификуваат сите граѓани со државата што се создава како заедничка за сите, порача денеска Кочо Анѓушев.
Во обраќањето по повод Илинден, Анѓушев апелира да ја градиме Македонија како граѓанска држава, слободна татковина на сите граѓани и на сите етнички заедници.
Денеска, кога со сета почит и достојно се сеќаваме на државотворните настани на двата Илиндена во 1903 и во 1944, од перспективата на оваа 2017 година, неминовно е да се соочиме со фактот дека треба да ја прифатиме државотворната агенда на концептот за Македонија која не повикува, потенцира вицепремиерот.
Според него, се менуваат и треба да се менуваат владејачките гарнитури во една демократска земја. Но, она што треба и мора да биде заедничко за сите, е чесната намера и посветената работа за доброто на сите граѓани.
Со игнорирање не може да се реши ниту еден проблем. Граѓаните на Република Македонија ги утврдија и се определија за сопствените стратешки цели - членството во НАТО и Европската Унија, соодветно на современите прифатливи безбедносни и економски концепти. Бевме предолго надвор од тие текови. Дел од причините беа објективни, но дел од проблемите се генерираа и од внатре. Се доведовме во ситуација кога можеме да кажеме дека веќе воопшто немаме време за чекање. Изминатите години што се непосредно зад нас, не можеме да ги вратиме, ама затоа времето пред нас мораме умно, храбро и посветено да го искористиме, нагласи заменик-претседателот на Владата.
Тој уште еднаш ги пренесе, како што рече, јасните, прецизни пораки и поддршката од стратегиските и искрени пријатели од Европската унија искажани на неодамнешниот Самит во Трст, дека Македонија, граѓаните на Македонија, новата Влада, Собранието и целото општество, има огромна поддршка за спроведување на суштинските реформи и за определбата за интеграција во ЕУ.
Нашите пријатели сметаат дека Македонија е конечно на вистинскиот правец и порачуваат да се обединиме за исполнување на заедничкиот интерес за остварување добри перспективи за нашите граѓани, истакна вицепремиерот.
Во овој контекст додаде дека отсекогаш, пријателството со други земји, пред се со соседните, е од непроценливо значење.
Мораме да ги подобруваме односите со пријателите. Не смеат да постојат недоречености или отворени прашања. Преземениот исчекор во односите со сите наши соседи е во согласност со декларираниот принцип на Владата дека мора да се издигнеме над статус-кво ситуациите кои не даваат можност за надминување на разликите. Отвораме нова перспектива која укажува дека пречките денес не се ништо спoреденo сo придобивките oд иднината, подвлече Анѓушев.
Тоа се, додаде, принципи на лидерски особености: да се гледa на пречките кaкo на предизвици кoи требa дa се решaвaaт, a не дa се oдлaгaaт, да се биде мудар и да се оствари блескава иднина за граѓаните, да се отвори простор за подобра иднина на добрососедските односи со граѓаните на сите држави околу нас.
Во обраќањето, Анѓушев се осврна и на пораката од Крушевскиот манифест: „Да ја чествуваме Македонија - без разлика на вера, етничка припадност, пол и убедувања. Бидејќи од дедо - прадедо си живееме како браќа и сестри на оваа земја! За право, за слобода и за човечки живот“. Оваа визија, за таква Македонија, рече, провејува и во Манифестот од АСНОМ, истите принципи, 41 година по славната епопеја на Крушевската Република, како темелни вредности, се вградени и во Манифестот на АСНОМ кој вели: „Тешкото минато ни покажа оти интересите на нашите народи се исти, а нивната судба заедничка. Во овие решителни моменти сите ние ја градиме слободна Македонија. Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме“, потсети вицепремиерот.
http://play.mrt.com.mk/play/9588
Tweet |