речник контакт

Вицепремиерот Битиќи најави скора распределба на становите од социјална зграда во Велес, која се гради година и пол повеќе од најавениот рок на изведба

Зградата е на пет ката, 29 стана, со површина на становите од 40 до 45 м2

Петар Печков

Станбената зграда која е наменета како дом за социјално ранливите категории од Велес и велешко, наскоро треба да биде предадена за користење а Министерството за транспорт и врски треба да објави повик за распределба на 29 стана. Ова го најави заменик претседател на Владата Фатмир Битиќи при денешната посета на Велес.    

„Овде сме за да покажеме дека водиме грижа и создаваме можности  за тие на кои им е најпотребно. На 29 социјално ранливи граѓани, лица без родители, лица со посебни потреби, со ниски примања, им создаваме реална можност за сопствен дом, дом за себе, за своите деца, за најмилите. Се радувам што зградата ја гледам во финална фаза во очекување набргу  на објава на распределба на становите“  - кажа Битиќи.

Зградата е на пет ката, со површина на становите од 40 до 45 м2. наменета за социјално ранливите категории  е инвестиција на АД  за изградба и стопанисување  со станбен и деловен простор. Таа започна да се гради на 14 април 2021 со најава дека ќе заврши  за една година, потоа рокот се продолжи за октомври 2022, но и до ден денес не е предадена на користење. Причина за толкавото доцнење вицепремиерот ја гледа во надворешни фактори.

„Имаше различни состојби, ковидот, покачувањето на цените на градежните материјали, економска криза, објективни причини. Жалам што пред година дена не им ги дадовме клучевите  од становите, на лицата на кои реално им се најпотребни. Се радувам што зградата конечно е готова“ - рече Битиќи.  

Соседите пак на зградата зборуваа дека на почетокот на градбата два пати биле рушени темелите поради слабиот квалитет на материјалот.   

Вицепремиерот Битиќи напомна дека тие како Влада се грижат за социјално ранливите категории а од 2017 до денес, во Македонија биле изградени или се градат 864 стана наменети за оваа категории граѓани.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »