речник контакт

Владата досега во Велес инвестирала 9 милиони евра

Со ребалансот на Буџетот ќе се одвојат средства за завршување на цевководот за да стигне водата од системот Лисиче до езеро Младост

Петар Печков

Во посета на Велес беше премиерот Христијан Мицкоски кој изврши увид во реализацијата на проекти кои ги работи локалната власт, дел во соработка со Владата, со нејзина финансиска помош, дел самостојно. Мицкоски се осврна за два капитални проекти цевководот до езеро Младост и подземната катна гаража.

„Со ребалансот на Буџетот ќе се одвојат средства за завршување на цевководот, тие неколку километри за да стигне водата од системот Лисиче до езеро Младост. Проект, по проект ги решаваме потребите на Велес. Благодарност до велешани за трпението , бидејќи треба време да се реализираат, но еве еден по еден се решаваат“ – рече Мицкоски.  

„Владата преку програмата и проектот со Светска банка, досега во Велес инвестирала или инвестира 9 милиони евра.  Завршени се улиците Љубљанска, Луј Пастер и 8 март„ – рече министерот за транспорт и врски  Александар Николовски. 

„Улицата 11 Октомври интензивно се работи. Таа ќе добие тротоари, двослоен асфалт, ивичници. Во соработка со ЈКП Дервен е сменета водоводната мрежа, имаме променето и подземна инсталација за нови канделабри, ново осветлување. Очекувам дека за 20 дена  ќе биде завршена. Завршена е, асфалтирана  улицата Васил Главинов, потребно е да се изградат тротоари, осветлување, вертикална и хоризонтална сигнализација. Изградени се неколку потпорни ѕидови“ - кажа Марко Колев, градоначалник на Велес.

АНКЕТА »

Дали новината, коцкарници, казина да бидат 500 метрa подалеку од училиште, ќе ја намали зависноста од коцкањето кај младите?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »