Петар Печков
Објавено: понеделник, 23 декември 2019
Владата одвоила 40 милиони денари, за да се изгради покриен пазар во Велес. Остатокот до проценетите 82 милиони денари ќе се обезбедуваат од Општинскиот Буџет и до продажба на делвниот простор на пазарот. Ова денес на прес конференција го најави градоначалникот на Велес, Аце Коцевски.
„Владата донесе одлука, од ставката за капитални дотации на Општина Велес да и додели 40 милиони денари за изградба на нов покриен пазар. Средствата ќе бидат трансферирани до крајот на годинава, на посебна наменска сметка. Општината ќе биде должна редовно да доставува извештаи за реализацијата на проектот и Владата ќе врши контрола дали средстата наменски се трошат. Вкупната инвестиција, заедно со проектната документација чини 82 милиони денари. Дел до средствата ќе бидат обезедени од продажба на дуќаните кои ќе се во состав на новопроектираниот затворен Градски пазар. Ако не се доволно ќе користиме од Општинскиот Буџет. Следната година Велес ќе добие нов покриен пазар - кажа градоначалникот Коцевски.
Тој информираше дека Општина Велес добила и 1,9 милиони евра за изградба на локални пшатиша на територија на Општина Велес, обезбедени со заем на Владта кај Меѓународанта банка за обнова и развој.Тие средства билепреку проект за поврзување на локални патишта. Во првата фаза ќе се користат еден милион евра а потоа и 900 илјади евра. До денес до Министерството за транспорт и врски, преку кое ќе се реализира овој проект, локалната власт ги доставила следните улици: иднустриска зона УЗУС, асфалтен пат од Долно до Горно Караслари, до село Новачани, улици во Вел сити- комплекс над касарната, реконструкција на патот до Чолошево преку Дурутовец, за пат над Прцорек, за асфалтни сообраќајници на езеро Младост, улици во Горно Оризари и аслфатирање на пат до село Сопот.
Коцевски соопшти дека Владата одобрила и 26 милиони евра за ЈВП Хидро систем Лисиче, кои биле обезбедени со заем од Кредитна банка за обнова КФВ, по договор за финансирање на програма за наводнување. Истите биле наменети за изградба на нов паралелен цевковод во должина од 17 км, наменет за наводнување на околу 4 илјади ха земјоделски површини и изградба на три мали хидро централи, за изградба на секундарна мрежа во должина од 192 км на која ќе се инсталираат 1,4 илјади хидранти за наводнување.
На новинарското прашање зошто наспроти најавите дека до крајот на годинава ќе се изгради затворен училиштен базен, нема никакви активности, Коцевски објасни дека постапката е во фаза на донесување на нов ДУП и се очекува тој да биде донесен во февруари, па да се донесе одборение за градба.
Понајавите за изградба на нова библиотека, во Младиснки парк,за што беше избрано идејно решение, но досега нема никави активности, градоначалникот Коцевски објасни дека засега нема средства, кога ќе се обезбеделе ќе се почнело со изградбата, во овој момент општината не била во можност.
Tweet |