речник контакт

Владиката Агатангел во Велигденското послание - И покрај тешкотиите, маките и страдањата, со кои се соочуваме како цивилизација, не смееме да престанеме да ја негуваме надежта

Mилоста е послатка од гревот, дека љубовта е потворечка од омразата, дека простувањето е поблагородно од осветата - порача Митрополитот Повардарски, Агатангел

Петар Печков

Велигден е ден на животот и радоста, ден на ведрата иднина. Велигден е празник кој со векови на светот му носи порака за спасение.  Пораката на Воскреснатиот Господ Исус Христос се состои во тоа дека животот е посилен од смртта, дека светлината е посјајна од мракот, дека Воскресението е помоќно од гробот, дека доброто е поистрајно од злото, дека милоста е послатка од гревот, дека љубовта е потворечка од омразата, дека простувањето е поблагородно од осветата, дека верата е поспасоносна од неверата, дека молитвата е поделотворна од стравот. 

Обасјани од светлоста на Христовото Воскресението да си простиме еден на друг. Ви посакувам многу радост и љубов, а Божјиот благослов постојано нека биде со Вас во овие тешки и неизвесни денови. Преку нашите очистени срца да ја согледаме светлината на Божјата љубов Која го осветлува патот кон вечното спасение. Радоста на Воскреснатиот Христос нека нè сплоти и соедини во единствена спасоносна заедница, која ќе биде утеха и прибежиште за нашите идни генерации. Иднината нека ни биде исполнета со помирување, покајание и преумување. Да го искористиме ова време за прочистување на нашата совест и за освежување на нашето паметење, бидејќи само на тој начин можеме да го чекориме патот на вистинската преобразба која ќе нè приближи на Божјата светост.

И покрај тешкотиите, маките и страдањата, со кои деновиве се соочуваме како човечка цивилизација, не смееме да престанеме во нашите срца да ја негуваме надежта и крепоста. Благодарение на нив сите тешкотии и овоземни проблеми ќе ги гледаме од една повисока перспектива. Во виорот на животот, човечноста ни овозможува да не ја изгубиме од вид нашата конечна цел, која ни дава сила, смисла и вредност на животот. И покрај црните сенки, кои се закануваат да ги замаглат нашите видици, не смееме да престанеме да веруваме во едно подобро и поправедно утре. Од надежта и молитвата да ја црпиме силата како не би малаксале во верата и милосрдието - порача во Велигденското послание Владиката Агатангел, Митрополит на Повардарската Епархија 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »