Петар Печков
Објавено: среда, 15 април 2020
Поради пандемијата со корона вирусот (КОВИД 19), иако црквите ќе бидат отворени, во нив ќе служат само свештениците. Ова е информацијата која ја објавија од Повардарска Епархија на МПЦ- ОА.
За да ја почувствувате Воскресенската радост која ги осветлува срцата и душите, Ве повикуваме точно во 24 часот во сабота, кога ќе ги слушнете камбаните, кои ќе го означат Христовото Воскресение, со запалени осветени црковни свеќи и со Велигденски црвени јајца да излезете на Вашите балкони, Вашите дворови или пак, во Вашите дневни простории и громогласно да ја запеете Воскресенската песна „Христос Воскресна од мртвите, со смртта смртта ја победи, и на оние во гробовите, живот им подари“ - побара Митрополитот Повардарски, Владиката Агатангел.
Имајќи ја во предвид актуелната ситуација и неможноста на верниците да присуствуваат на светите Божествени Литургии во овие денови, од Повардарската Епархија информираат дека сите Празнични Богослужби ќе бидат пренесувани во живо на а фејсбук страна
https://www.facebook.com/povardarskaeparhija/
или на фејсбук страниците на архиерејските намесништва на Повардарската епархија.
Tweet |