Петар Печков
Објавено: четврток, 11 јуни 2015
На завршната гала вечер на Ракометната Федерација на Луксембург, македонскиот интернационалец, и екс репрезентативец Влатко Темелков (35 год) беше прогласен за најдобар ракометар МВП во сезоната 2014/5. Изборот е од страна на тренерите, новинарите и претставниците на клубовите од оваа земја.
Искрено, оваа сезона бев во топ форма, дадов одлични партии и игри. Се чувствувам физички добро, плус имам големо ракометно искуство. Како виното,колку постаро толку подобро. Доста сум ценет тука и добивам многу позитивни коментари од сите страни. Идол сум на многу деца, што навистина ми годи и ме прави многу среќен и горд - изјави Темелков.
Оваа година тој беше вистински лидер на неговиот клуб Каерјенг со кој го освоија купот и второто место во првенството, со еден бод помалку од првопласираниот Дудлинген.
Многу луѓе имаат погрешно мислење за лигата во Луксембург. Таа од сезона на сезона е се посилна и има многу добри интернационални и домашни ракометари. Играв долго време во Бундес лига и од лично искуство знам тоа да го оценам. Тоа ме прави да сум горд,среќен и почесен од наградата најдобар играч во Луксембург. Ракометот е моја голема љубов и го работам од срце, плус живеам спортски и можеби тоа е успехот на моите добри игри - додава Темелков.
Тој има уште една година договор за да настапува за Каерјенг а за потоа ќе размисли. Веќе е тренер за помладите категории во клубот.Со неговото големо ракоемтно искуство има што да пренесе на помладите. Неговата следна цел и голема желба е местото тренер. Но за тоа следната година.
Tweet |