Петар Печков
Објавено: сабота, 24 јануари 2015
Водостојот на реката Вардар се наоѓа на критичното високо ниво а според информациите на надлежните служби во наредниот период се очекува и зголемување на приливот на вода.
Поради тоа и од Дирекцијата за спасување и заштита и од локалната власт нс Општина Велес предупредуваат граѓаните да ги преземат потребните мерки за заштита на нивниот имот.
Општина Велес и ДСЗ упатуваат апел до сите жители, сопственици на викенд куќи и одгледувачи на добиток долж течението на реката Вардар будно да ја следат состојбата и доколку има потреба да превземат итни мерки за соодветна заштита од поплави.
Tweet |