речник контакт

Внимателно за лицата со алергии поради највисоки концентрации на полен од тревите во последните 20 години

Заради бујната вегетација деновиве се регистрирани највисоките концентрации на полен од тревите (Poaceae), киселец (Rumex) и тегавец (Plantago), во споредба со последниве дваесет години, соопшти Институтот за медицина на труд.

Петар Печков


Според изјавите на др. Снежана Милковска, аеропалинолог во Република Македонија, од ЈЗУ Институт за медицина на труд, тоа се појавува како резултат на климатските промени во овие декади, а пред се од намалената инсолација, обилните дождови и високата релативна влажност, која освен што придонесува за раст на растенијата, односно зголемена биомаса, доведува и до зголемување на производството на полен и негово зголемено присуство во воздухот.

Поради тоа се препорачува косење на тревата во дворовите, за да се спречи цветањето и ширењето на полен, со што ќе се намалат и концентрациите на полен дворовите.
Во воздухот се регистрирани и умерени концентрации на дрвенестите видови, кипарисите и боровите.

Милковска упатува предупредување и за лицата со алергија на полен од липа, бидејќи оваа година липите процветаа порано. Повисоки концентрации на полен се очекува во недела, понеделник и вторник.

Препораки за превентива од поленови алергии, симптомите и видовите на растенија, но и концентрациите на поленот во воздухот за најалергогените растенија има на веб страницата за предвидувања за наредната недела на www.meteo.gov.mk .

Извор: Скопје, 3 јуни 2010 (МИА)

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »