речник контакт

Внукот кој ја ограби баба, си ќе седне на обвинителна клупа

Е.М. ( 23 год) со 16 годишно дете и одзеле на жената 75 илјади денари

Петар Печков

Основното јавно обвинителство во Велес по сеопфатна постапка до Основниот суд Велес поднесе Обвинителен акт против  Е.М.   на возраст од 23 години за кривично дело – Разбојничка кражба.

Обвинетиот, кој е внук на оштетената, на  9 ноември лани  околу 7.30 часот, заедно со уште едно лице – 16 годишно дете  влегле во куќата на  бабата на обвинетиот. Знаејќи каде оштетената ги чува парите, обвинетиот одзел една најлон кеса во која имало пари во износ од 62.000,00 денари во различни апоени, 140 евра и разни документи. За тоа време детето кое било со обвинетиот стоело покрај бабата на обвинетиот, внимавајќи таа да не забележи што се случува.  Но, откако оштетената ја видела кражбата и почнала да вика,  детето почнало да ја удира.  По стореното кривично дело, двајцата излегле од куќата по што одземените пари ги поделиле меѓусебно - соопштија од обвинителството. 

Настанот се случил на улица „Вера Циривири“ во Велес  сопственост на  Б.М.(69 год)  . При откривањето на случајот полицијата информираше   дека  кај нив се пронајдени одземените пари и истите се вратени на оштетената. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »