Петар Печков
Објавено: четврток, 07 декември 2023
Вчеравечер, среда, во Полициската станица Велес било пријавено исчезнување на велешанец.
„На 6 декември во 19 часот во Полициската станица Велес, А.К.(46 год) од Велес пријавил дека од домот се оддалечил неговиот вујко Д.П.(59 год ) од Велес, кој живеел сам“- информира Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
Од полицијата велат дека преземаат мерки за пронаоѓање на исчезнатото лице.
Tweet |