речник контакт

Во ,,бункер,, во Болница чувани со години, стари неплатени партиципации

За шест месеци исплатен долг од 10 милиони денари, в.д директорот Стровјаноски објаснува не` на штeта на пациентите

Петар Печков

По половина година од доаѓањето на директорската позиција, 7-ми август лани  6-ти фебруари годинава, в.д. директорот на ЈЗУ Општа Болница Велес, Димитар Стровјаноски  кажа дека го намалил долгот, кој го наследил. И тоа за 10 милиони денари.  

Наследив долг  од   67 милиони денари а на  19  јанаури состојбата беше  долг од  56,3 милионни денари или вратени   10  милиони,  кон добавувачтие на лекови, кон добавувачот на храна, комунални услуги,  скастрени непотребни трошкови, зголемен влез на  партиципацијата - изајви  сци д-р  Стровјаноски. 

Потенцираше дека ова намалување на долгот не било со  заштеда на штета на пациентите, на лековите, на храната, греењето.  Напротив  директорот  тврди дека храната е подобрена,  понуден  е  оброк кој е наменет за секој пациент според  болеста одделно.  

Најдовме сајбер криминал, преку злоупотреба на матичните броеви на  пациентите исчезнати се лекови и потрошен материјал за половина милион денари. За толку пари е  оштетена болницата, од  вработена.  Предметот е во процедура  во јавното обвинителство  - дополни д-р Стровјаноски. 

Обврски кон други јавни здравствени установи во Македонија, пред се кон  Заводот за трансфузиона медицина и  Центарот за Јавно здравје Велес биле во висина од 18 милиони денари, додека велешката Болница имала  побарувања  кон  Министерство за здравство од 25 милиони денари, кои потекнувале од 2011-та година. В.Д. директорот  објави дека со години не  била наплатувана партиципацијата, за одделени пациенти, што придонело  Болницата да има долгови.  Тие истории на болеста биле  чувани во ,,бункер,,.      

При секнирањето на состојбите дојдовме до фрапантни податоци, дека се криени  од 2013 до 2017-та истории кои не се наплатени како  партиципација. Формирав комисија која најде заклучена просторија со огромен број на  истории, каде не е процесуирана наплатата, нема  барање до пациентот да ги затвори, плати  обврските кон ЈЗУ Општа Болница Велес. Сумата која не е платена како партиципација е во висина од 2,7 милиони денари  што на некој начин дополнително  ја  влошило состојбата  - рече  в.д директорот Стровјаноски.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »