Петар Печков
Објавено: сабота, 01 декември 2012
Од 1987-та година кога за прв пат во Македонија е регистриран случај на СИДА, во Велес се вкупно регистрирани четири. И тоа 2005-та заразен со СИДА и починат, во 2007-ма носител на ХИВ вирус, во 2010 носител на ХИВ вирус и во 2011-та еден заразен со Сида. Годинава ниту има носител на вирусот ХИВ ниту заразен со СИДА, информираа од Центарот за Јавно здравје Велес.
Починатиот од СИДА бил маж на 70-тина години кој се вратил од странство и тука констатирал дека ја има оваа болест, која всушност е недостаток на имунитет. Сите четири случаи на СИДА/ХИВ во Велес се кај машката популација. Сите имале МЅМ ( man sex man).
Во Центарот за јавно здравје во Велес на располагање на граѓаните стои и бесплатниот СИДА тест кој е анонимен и дискретен. Годишно оваа услуга ја користат стотина велешани, најчесто лица на кој им треба потврда дека не се позитивни, за работа на брод, патување во друга земја, вадење бугарски пасош.
Нови 20 случаи на ХИВ/СИДА се регистрирани годинава во Македонија, најмногу од првиот случај во далечната 1987. 12 од нив имаат сида а другите 8 го носат вирусот. Лекарите посочија дека ова не е машка болест оти кај нас а и на балканот мажите почесто заболуваат. СИДА-та не бирала пол. Единствен начин за превенција биле презервативите но и соодветна едукација на населението.
Од невладината Х.Е.Р.А: посочија дека Македонија е една од земјите со најмалку регистрирани случаи со ХИВ/СИДА. Порачаа дека секој треба да оди на преглед без разлика на сексуалната ориентација и навики.
За разлика од кај нас каде што има раст на заболени со СИДА, во светски рамки има намалување на инфицирани со оваа болест. Од СИДА во светот досега починале 1.7 милиони луѓе.
Обединетите нации соопштија дека пандемијата на сида во светот е на залез заради подобриот пристап до лековите што ги лекуваат симптомите и го блокираат вирусот на човековата имунодиференцијација (ХИВ) што ја предизвикува болеста, како и дека целта за конечно искоренување на епидемијата на АИДС е сосема остварлива.
„Успехот во борбата против оваа болест го овозможи поставувањето темели за искоренување на сидата со тоа што ја намали смртноста и помогна во стабилизирањето на бројот на заразени луѓе во светот“, се наведува во годишниот извештај на УНАИДС.
Околу 34 милиони луѓе во светот на крајот на 2011 година имаа ХИВ.
Ширум светот опаѓа бројот на ново заразени лица од болеста, која може да се пренесува преку крв и во текот на незаштитен сексуален однос. Бројот на ново заразени лица со ХИВ вирусот минатата година бил помал за 20 отсто во однос на состојбата во 2001 година, додека бројот на умрени од сида од 2,3 милиони во 2005 година лани се намалил на 1,7 милиони, се наведува во извештајот на УНАИДС.
И натаму најзафатено подрачје од болеста е субсахарска Африка.
Tweet |