Петар Печков
Објавено: вторник, 29 март 2022
Територијалната противпожарна единица од Велес е потребно да има специјализирана екипа за различни специфични потреби. Ова го вели командирот на ТППЕ Велес, Љупчо Лепидовски.
„Сакаме да специјализираме екипа од велешката територијална единица, која ќе дава помош при поплави, земјотреси или за сообраќајки. Велес е до коридорот10, каде што минуваат бројни возила по него, има можност за бројни сообраќајки “- изјави Љупчо Лепидовски, командир на ТППЕ Велес.
Против пожарната единица од Велес имаа 33 пожарникари. Тие покриваат терен на три општините Велес, Градско и Чашка.
Според податоците на СВР Велес кои се однесуваат на подрачјето на Општина Велес и соседните Чашка и Градско, минатата година биле евидентирани 338 сообраќајни незгоди, 26 повеќе од 2020-тата, кога имало 312. Минатата година во патиштата во општината имало шест жртви на сообраќајните несреќи, една повеќе од претходната година. Лани во велешко се запалиле 13 автомобили.
Tweet |