Петар Печков
Објавено: петок, 11 февруари 2022
Претпладнево при претрес на дом на велешанец пронајден хероин. МВР со детали за настанот
„Денеска -11-ти февруари од страна на полициски службеници на СВР Велес лишен е од слобода В.Ј.(33) од Велес. По наредба од судија за претходна постапка, извршен е претрес во домот на В.Ј., при што во дворот биле пронајдени 11 опаковки со прашкаста материја со кафена боја -хероин, една вага и 50.000 денари“-соопштија од МВР.
Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава дополнуваат од велешката полиција.
Tweet |