речник контакт

Во 11,02ч. денес понеделник стигна астрономски зимата, пред нас е најдолгата ноќ годинава

Според УХМР не очекува зима со натпросечни температури и просечно врнежлива

Петар Печков

Денес во 11,02 ч. започна зимата, на северната полутопка. истовремено на јужната започна летото. Зимата ќе трае до 20 март 2021 година во 10 часот и 37 минути кога на северната хемисфера настапува пролетта, а на јужната есента.

Денес го имаме најкраткиот ден во годината и најдолгата ноќ. Во Велес сонцето изгреа во 6:57  а ќе зајде  16:06.  Или денот трае 9 часа и 9 минути.

До крајот на годината остануваат уште 10 дена, да не заборавиме дека годинава е престапна со 366 дена.

 Според УХМР не очекува зима со натпросечни температури и просечно врнежлива, покажуваат хидрометеоролошките следења и прогнози.

Очекуваните влијанија од позитивните отстапувања на температурата на површината на морето во последните неколку месеци укажуваат на пораст на температурите на воздухот и на поголемиот дел од Европскиот континент и на температурите на воздухот во Македонија. Температурите на воздухот за период декември 2020 – јануари 2021 – февруари 2021 имаат поголема веројатност да бидат натпросечни, со позитивно отстапување од 1 до 3 степени Целзиусови од многугодишниот просек. Отстапувањето се очекува да биде по изразено во источна Македонија, наведува УХМР.

Просечната температура за зимата (декември – јануари – февруари) 1981-2010 г. се движи од -1,5 степен Целзиусов во Маврово до 5 во Гевгелија, а просечните зимски суми на врнежи се од 90 милиметри во Штип до 319,4 милиметри во Лазарополе..

Напоменуваме дека сезонскиот изглед на времето не може да обезбеди детални информации за интензивни краткотрајни временски не прилики (зимски олуи, екстремно студени периоди, екстремно влажни) се наведува во соопштението.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »