речник контакт

Во 14,43ч. недела 22 септември, стигна астрономски есента

Официјалната временска прогноза за оваа есен е просечна температура и потпросечни количества на врнежи на територијата на Македонија

Петар Печков

Денес недела 22 септември, во 14,43ч. астрономски стигна есена. Истовремено на Јужната хемисфера на планетата Земја стигна пролетта.  Првиот есенски ден,  266-иот ден во годината, во Велес ќе трае 12 часа и девет минути. Сонцето во Велес  изгреа во 6 часот и 20 минута, а ќе зајде во 18 часот и 29 минути. До крајот на годинава остануваат уште 100 дена. Есента ќе трае 89 дена, до 21 декември во 10 часот и 20 минути, кога календарски започнува зимата.

Временската прогноза за оваа есен предвидува просечна температура и потпросечни количества врнежи на територијата на Македонија. Постојат претпоставки дека оваа есен ќе има променливи временски услови кои не се вообичаени, за што потврдуваат и експертите од Секторот за метеорологија на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

„Официјалната временска прогноза за оваа есен е просечна температура и потпросечни количества на врнежи на територијата на Македонија“-  кажа м-р Лидија Стојова, советничка за применета метеорологија во УХМР.

Според нејзината научна анализа, температурите во текот на есента ќе бидат потпросечни, односно времето ќе биде постудено од вообичаено, со денови со многу ниски температури.

Врз основа на Анализата на годишната и хидролошката сума на врнежи по години, хидролошката сума во 2024 година би требало да биде поголема, а годишната сума на врнежи помала во однос на просекот. Септемвриските врнежи би требало да бидат натпросечни, додека, пак, октомвриските и ноемвриските просечни до потпросечни.

Климатските промени, односно глобалното затоплување, како и загадувањето, се основниот причинител за невообичаените временски услови кои нѐ очекуваат оваа есен, додава Стојова, дополнувајќи дека во Европа особено се истакнува влијанието на Атланскиот Океан.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »