речник контакт

Во 15ч, овој четврток во Велес УХМР измери температура од плус 39 во сенка

Потопло беше само во Валандово, со температура од +40,4

Петар Печков

Пладневно во Велес, мерните инструменти на Управата на хидро метеоролошки работи измерија+39 степени во сенка. И тоа во 15ч. Тоа беше максималната дневна температура, која веќе во 16ч. покажа намалување на +38,9 степени.

Вчера, среда максималната температура измерена во Велес беше во 15ч и изнесуваше 37,4 степени, според УХМР. 

Овие вредности се измерени според стандарди на Светската метеоролошка организација, со мерни инструменти поставени на 2 метри над земја, на тревна површина и во куќарка во сенка, не на директното сончево зрачење.

Денес како најтопол ден во земјава, потопло од Велес беше само во Валандово со +40 степени во 15ч. а во 16ч. беа +40,4.

Вообичаено најтоплите градови Демир Капија и Гевгелија имаа вредности под +39 степени. Во Скопје не се искачија над +38 степени .

Ако е за утеха според метеоролозите денешниот ден е најтопол неделава, од утре ќе има мало намалување, но од следната седмица повторно високи температури посебно во втората половина на неделата, блису до +40 степени.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »