Петар Печков
Објавено: понеделник, 11 јануари 2021
Тирековмирече - вашиот велешки портал од кој се информирате, изминатата 2020 -та забележа рекордна посетеност, дури два пати повисока отколку таа во 2019-тата.
Според гугл лани ТрМр имал 3.863.919 читања (во 2019-та имало 1,64 милиони читања) а страницата е отворена 2.388.921 пати од 560.820 читатели. Секој посетител просечно на страницата престојува 52 секунди. Во текот на 366 дена објавени се авторски, не препишани, 1.338 текста или по 3,65 текста на ден.
Читателите можеа да прочитаат текстови во кои се пишуваше за настани кои беа дел од живеењето во градот. Порталот Ве информираше се дневни настани, за теми од живеењето, убави и тажни животни приказни на наши сограѓани. На крајот од ланската година ТрМр стигна до 26 илјада ФБ лица на кои страницата им се допаѓа.
Листата на најчитаните текстови во минатата година:
1. И по два и пол дена не може да се пронајде Спасе Димовски, исчезнат во надојдениот поток кај Белештевица (фото) 67.569
2. Скорниева е пронајдена жива, но премрзната од студот ноќеска и престрашена од шакалите кои ги слушала 54.495
3. Тешко повреден пожарникар, кој патувал за на работа во железничка несреќа пред некогашна Порцеланка 34.714
4. Животна драма за спас на седумгодишно дете, вчера на пладне, кое веќе било починато 23.158
5. Породување во такси возило утрово, во дворот на Болница 21.526
6. Железнички возен ред за 2020 година 19.798
7. Еден од ново заболените од корона вирус итно префрлен на Клинички во Скопје 18.562
8. Велешанец излетал со автомобил во провалија, пред влезот во Велес 16.792
Ова е гледаноста на видео снимките
Уловен амур на велешко езеро 138,8 илјади
Врачена помошта на Лиле и нејзините синови 61,7 илјади
Со молитва против корона вирусот 59,1 илјада
Свадба во Велес, во време на ковид-19 кога е забранета 32,4 илјади
Македонската химна испеана на Спомен Костурница 23 илјади
Се рушат карпите кај Цуцка 22,5 илјади
Станарите бараат решение од жената насилник, надлежните неми 17,2 илјади
Велешани го кренаа знамето на Македонија пред НАТО седиштето во Брисел 14 илјади
Уловен амур тежок 23 се враќа во езеро Младост 11,3 илјади
Акција за спасување кај браната на езеро Младост 11 илјади.
Tweet |