речник контакт

Во 2022 година во велешко повеќе склопени бракови отколку година пред тоа

Лани имало далеку повеќе склопени бракови во Велес и соседните општини, отколку во 2021 година

Петар Печков

Првиот склопен брак годинава,  во Велес беше на 4-ти јануари. Тој ден Управата за водење на матична евиденција  Велес, склопи и уште еден. А каква бешесостојба за 2022 година.

Според добиените податоци од  Управата за водење на матична евиденција Велес и трите одделенија во Градско , Чашка и Богомила, во 2022  има поголем број на склопени бракови 383, во Велес и велешко во однос на 2021 година. Лани во  Велес има склопено 324 брака, во Градско 35, во Богомила 5  и во Чашка 19. За споредба во 2021 имаше склопено 355 брака, во 2020-та година имаше 263 брака, регистрирани во велешко, но не треба да се заборави дека еден месеци немаше можност за склопување на бракови, поради ковид пандемијата, во 2019-та  имало 360 брака. Ова се бројките од Управата за водење матична евиденција, Подрачна единица Велес.

Од Управата за водење матична евиденција,  потсетуваат дека бројката од   склопени брака годинава, не е целосна и точна  за  Велес. Оти младите имаат можност, а тоа и го користат, да склопат брак во друг град, во некој туристички центар, Охрид, Струга, Крушево, што во пракса и се случува. И тогаш тој брак се води дека е склопен во тој град, иако младите се велешани. Како што има случаи млади од Свети Николе да склопуваат брак во Велес, оти во овој град,  се до неодамна, немаше ресторан каде може да се организира свадба, па веселбата беше во Велес.

Во оваа бројка на склопени бракови се на жители од  други градови, кој стапуваат во брак во винариите Стоби, Лазар, Шато Сопот. ..

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »