Петар Печков
Објавено: среда, 08 јуни 2016
АК Вардар во Градско почна жетвата на јачменот, паднаа првите снопови на лебно жито. На околу илјада хектари површина колку што е засеани со јачмен и пченица, прво започна жетвата на јачменот.
Вообичаено во регионот на Градско први во Македонија започнуваат со оваа земјоделска работа, оти територијата е со високи температури и ниски количества на врнежи.
Не би можеле да зборуваме колкав е приносот, оти штотуку влеговме по полињата. Неблагодарно е сега да се каже, ова се првите собрани количества – велат од АК Вардар од Градско.
Половината од собраните количества на јачмен и пченица тие ќе ги користат за нивната фабрика за сточна храна, како храна за овците, додека втората половина ќе се продава на мелничката индустрија.
Tweet |